Официјално: Марсел Сабицер од Баерн во Борусија Дортмунд

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баерн Минхен преку својот клупски сајт ја информираше јавноста дека Марсел Сабицер ќе ја продолжи својата кариера во редовите на Борусија Дортмунд.

Овој 29-годишен австриски фудбалер од средниот ред дојде во Минхен од Лајпциг во летото 2021 година. Пролетната полусезона лани ја помина на позајмица во Манчестер јунајтед.

– Марсел Сабицер е играч со срце и страст кој постојано даваше сè од себе за Баерн. Му благодариме за нашиот заеднички успех и му посакуваме сè најдобро во неговата иднина – рече извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дрисен.

Сабицер запиаш 54 настапи за германскиот рекорден шампион, постигнувајќи два гола. Репрезентативецот на Австрија ги освои домашното првенство и Суперкупот на Германија по еднаш за време на неговиот престој во Минхен.

Тој минатата сезона беше и победник на англискиот Лига куп со Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот