Официјално: Лукаку нов фудбалер на Рома

Фото: AS Roma

Ромелу Лукаку и официјално ја засили Рома како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Долго време траеше сагата со иднината на Лукаку, прво се поврзуваше со Интер и Јувентус, а откако пропаднаа тие преговори, Рома ја искористи приликата да го доведе.

Денес „волчицата“ се пофали со белгискиот голгетер кој изрази задоволство од пристигнувањето во Рим.

„Навивачите беа неверојатни кон мене со нетрпение чекам да започнам. Сопствениците овде имаат огромни амбиции, се надевам дека ќе им помогнам да ги остварат“, изјави Лукаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот