Официјално: Гатузо е нов тренер на Валенсија

фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Легендарниот фудбалер на Милан и на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, денеска беше промовиран како нов тренер на Валенсија со која потпиша двегодишен договор.

Гатузо по завршувањето на богата кариера ги предводеше екипите на Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан и Наполи, а во Валенсија доаѓа по едногодишна тренерска пауза.

Откако си замина од Наполи, Гатузо минатото лето потпиша за Фиорентина, но по неколку дена си замина од екипата поради несогласувањата со управата на екипата.

Џенаро Гатузо е 15-тиот тренер на Валенсија во последните 11 години. Шпанскиот тим минатата сезона во Ла Лига ја заврши на деветтото место и во следната сезона нема да игра во европските купови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот