Официјално: Душан Тадиќ заминува од Ајакс

Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Холандскиот гигант, Ајакс потврди дека Душан Тадиќ ќе го напушти клубот во овој преоден рок.

Тадиќ имаше договор со Ајакс до крајот на наредната сезона, но клубот потврди дека на барање на српскиот фудбалер ќе биде прекината соработката.

„Душан Тадиќ си заминува од Ајакс. Клубот ќе го почитува неговото барање за раскин на договорот. Договорот на Тадиќ имаше важност до 30-ти јуни 2024 година, но соработката ќе заврши сега“, стои во соопштението на холандскиот гигант.

Заминувањето го потврд Тадиќ, а смета дека сега е вистински момент за таков потег.

„Одлуката да заминам беше навистина тешко. Но, верувам дека сега е вистински момент, не само за мене туку и за клубот кој треба да има еден нов почеток“, изјави Тадиќ.

Неофицијалните информации во холандските медиуми се дека Тадиќ бил незадоволен од малата минутажа и затоа побарал да замине. Дресот на Ајакс Тадиќ го носеше на 241 натпревар на кој постигна 105 голови и додаде 112 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот