Одложен летот на Вардарци! Со нив доаѓаат и коментаторите од Арена!

Иако претходно беше најавено дека доаѓањето на Вардар ќе биде во вечерните часови, претпладнево беше објавена нова информација според која европските ракометни шампиони ќе слетаат во Скопје во 16.15 часот.

Но, на сајтот на скопскиот аеродром, летот во 16.15 часот кој доаѓа од Келн, а е од компанијата „Астра ерлајнс“ – има статус на откажан.

Инаку Град Скопје ќе го организира пречекот на ракометарите на Вардар од Келн. Засега уште не е познато точното време кога ќе слетаат во Скопје новите европски клупски ракометни прваци, а во Град Скопје моментно се договараат деталите околу пречекот на аеродром и на плоштадот „Македонија“.

Градоначалникот Шилегов на денешната седница на Град Скопје предложил ракометарите да бидат наградени со 6 милиони денари, предлогот бил поздравен со аплаузи. Инаку пречекот на ракометарите ќе го огранизира Градот и ќе чини 2 милиони денари.

Според најавите коментаторите на Арена Спорт ќе пристигна во Скопје заедно со нашите шампиони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот