Одгледувачите на овци уште ги чекаат субвенциите за минатата година, најавија протест

Овци и кози/ Фото Pau BARRENA / AFP / Profimedia

Сточарите кои одгледуваат овци најавија протест, откако, како што велат, изминале сите рокови за исплата на субвенциите за 2021 година, а но сѐ уште не им се исплатени, објави СДК.мк.

„Рокот за исплата на субвенциите за ланската година заврши на крајот од јуни. Сè уште немаме ниту денар субвенции. Сега кога најавивме дека ќе имаме протест, почнале да пуштаат, некои овчари добија, но нивниот број е мал. Нека излезат и кажат: пари нема, ќе разбереме. Знаеме каква е ситуацијата“, вели Митко Јанков од здружението „Агро центар“ од Велес.

Одгледувачите на овци се жалат дека не ги добиле парите за лани, а летово, кога треба да се обезбеди храна за овците за наредната зима, морале да се задолжуваат за да обезбедат средства за набавка на жито.

„Житото се собра, пченица, јачмен, пченката привршува. Ние немаме пари да купиме. Државата ни ги чува парите. А министерот Љупчо Николовски се фали дека ќе започнело авансно да се исплаќаат пари, ние ланските не сме ги зеле уште“, додава Јанков.

Според него, годишно бројот на грла овци се намалува за 100-150 илјади, а сточарите велат дека тоа се случува поради негрижата на државата за оваа гранка. Ако во Македонија пред 30 години се одгледувале 2-3 милиони, денес имало околу 400 илјади грла овци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот