Одеса остана без струја по новиот руски напад

одеса EPA-EFE/SEDAT SUNA

Украинското пристаниште Одеса утрово остана без струја, откако руски воздушен напад оштети еден од високонапонските објекти таму, соопшти водечкиот украински енергетски провајдер ДТЕК, пренесува Ројтерс.

„Ситуацијата останува тешка“, објави ДТЕК на Телеграм. „За да се намали оптоварувањето на мрежата, денеска во градот нема да работи електричен транспорт, а ограничена е и индустриската потрошувачка“.

Администрацијата на Одеса на Телеграм соопшти дека градот и регионот биле нападнати од неколку дронови лансирани од Русија. Четири дронови биле соборени над Одеса и соседните региони на Миколаев.

Остатоците од падот на беспилотно летало предизвикале пожар во електроенергетскиот објект, кој бил навремено изгаснат, додаде управата.

Украинската војска соопшти дека противвоздушната одбрана уништила 8 од 9 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта. Повеќето од беспилотните летала се уништени во регионите Одеса и Миколаев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот