Одекнаа „бомби“ за Албанија

Албанските медиуми денеска објавија неколку прислушкувани разговори за Албанија, за кои тврдат дека ги објавил германскиот весник БИЛД.

Албанската телевизија Топ Чанел јавува дека едно од објавеното прислушкување од страна на весникот БИЛД , е и разговорот на Астрит Авдулај со Ариан Ндраџи, братот на Илир Ндраџи, актуелен пратеник на Социјалистичката партија (СП) во Шијак.

Истиот медиум јавува дека во овој разговор, Астрит Авдулај, челникот на криминалната група на Шијак, му побарал на премиерот Еди Рама преку Ванѓуш Дако, градоначалник на Драч, Илир Ндраџи (актуелен пратеник) да биде ставен на списокот на кандидатите на СП на парламентарните избори од 2017 година.

За време на телефонскиот разговор, Астрит го прашува братот дали можниот кандидат на СП за пратеник, примил телефонски разговор од горе (Рама) за да биде утврден како кандидат на ПС. Понатаму Астрит се обврзува дека тие силно ќе работат за да го изненадат “високиот“ со позитивен резултат 10 спрема нула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот