„Одбиенале 2021“: Делата се создаваат за да бидат видени

Весник
Весник

Вечерва со почеток во 20 часот во „Јавна соба“ ќе биде отворена групна изложба насловена „Одбиенале 2021“. Вљубениците во уметноста ќе можат да ги погледнат изложените дела до 2 јуни.

Инспирација за оваа поставка е францускиот „Салон на одбиените“ што во далечната 1863 година бил организиран под покровителство на Наполеон трети, за уметниците чиишто дела биле одбиени од жири комисијата на официјалниот париски „Салон“.


Изложбата ја организираат петнаесет млади македонски уметници кои решија да ѝ ги покажат на јавноста делата што беа одбиени на конкурсот за 13-тото Биенале на млади уметници, во организација на МСУ, Скопје.

Всушност, како своевидно „наследство“ од француските колеги импресионисти, но и колегите од македонскиот Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. што во 2011-тата организирале сличен настан, организаторите на изложбата „Одбиенале 2021“ сакаат да ја потенцираат потребата од алтернативни „неофицијални“ изложби, за да се спречи високо-конзервативните академски тела да доминираат и во естетиката и во јавниот вкус во уметноста. Воедно организаторите нагласуваат дека тоа што нивните дела не биле избрани, не значи дека треба да останат скриени, туку дела се создаваат за да бидат видени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот