Од утре почнува скринингот на учениците за ковид

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Утре почнува скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје. Ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, информираат од Министерството за здравство.

Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето и истото ќе трае помалку од една минута. Тестирањето е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина, посочуваат од МЗ.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид-19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата.

Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност. Скринигот ќе обезбеди безбедно одвивање на наставата и заштита на здравјето на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот