Од Скопје до Тирана ќе патуваме по автопат со шест ленти за 2,5 часа, најави Груби

Договор за соработка меѓу Владата на Македонија и Владата на Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки меѓу двете земји потпиша денеска во Тирана првиот вицепремиер Артан Груби. Според него, овој проект ги надминува димензиите на национален проект и е од стратешко значење за развојот на Западен Балкан, а со него се предвидува изградба на  автопат со 6 ленти од Скопје до Ќафасан, со што растојанието помеѓу Скопје и Тирана ќе се намали на 2,5 часа, а меѓу Скопје и Валона на 3 часа.

„Да поедноставиме, градиме автопат со 6 ленти од Скопје до Ќафасан, со што растојанието помеѓу Скопје и Тирана ќе се намали на 2,5 часа, Скопје и Валона на 3 часа. За максимално искористување на пристапот до пристаништето, планираме да ја започнеме и железничката врска Скопје – Кичево – Поградец – Драч. Во јануари ги спојуваме двете гранични контроли во една, со цел конечно да ги отстраниме границите меѓу нас. Ја градиме и интерконективната енергетска врска меѓу нас со два проекта, трафостаница во Охрид и високонапонска врска Битола-Елбасан”, рече Груби.

Според него, бројни се скептиците кои не веруваат во реализација на проектите што се започнати за да се отстранат границите, бројни се и ќе бидат оние кои ќе се обидат да направат опструкции, да ја потценат нивната тежина, но додаде, „наша должност е да продолжиме со работа размислувајќи за идните генерации и за она што можеме да им го оставиме денес како наследство и основа за здрава иднина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот