Од сабота во Калифорнија т.н. полициски час

Фото: Принтскрин

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам нареди воведување т.н. полициски час од утре во поголемиот дел од таа американска сојузна држава, по зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус.

Наредбата, која ќе биде во сила еден месец, го ограничува бројот на луѓе на домашни собири и активности надвор од домот.

Полицискиот час ќе трае од 22 до 5 часот наутро, а новите мерки ќе опфатат 94 отсто од жителите на Калифорнија, пренесува Си Ен Ен.

– Вирусот се шири со темпо што не сме го виделе од почетокот на оваа пандемија, а следните неколку дена и недели ќе бидат клучни за да се запре неговото ширење”, рече Њусам.

Тој додаде дека најважно е да се намали преносот и да се забави хоспитализацијата пред да се зголеми бројот на смртни случаи.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот