Од појавата на коронавирусот во Црна Гора влегле околу 2.100 Кинези

Најмногу кинески државјани – 1.538 во текот на јануари во Црна Гора влегле по копнен пат, додека  520 пристигнале со авион.

Во Црна Гора во текот на месецот влегле околу 2.100 кинески државјани, соопшти црногорската полиција.

– Преку гранични премини во Црна Гора во јануари 2020 години евидентирани се вкупно 4.491 државјани на Кина. Од тоа евидентирани се 2.082 доаѓања и 2.409 заминувања на кинески државјани, посочи полицијата.

Најмногу кинески државјани – 1.538 во текот на јануари во Црна Гора влегле по копнен пат, додека  520 пристигнале со авион.

Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година и досега од него починаа над 560 лица, додека инфицирани се над 28.000 луѓе.

Поради превенција од коронавирусот  на аеродромите во Црна Гора, граничната полиција ги анкетира патниците кои пристигнуваат од Кина, а доколку е потребно и Здравствено-санитарната инспекција ги прегледува патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот