Од култната реклама за „Пепси“: Кожената јакна на Мајкл Џексон продадена за 306.000 долари

Фото: Profimedia

Кожена јакна што ја носеше американскиот пејач Мајкл Џексон во осумдесеттите години е продадена за 306.000 долари на аукција во Лондон.

Џексон ја носеше оваа кожена јакна во реклама за „Пепси“ во 1984 година, прва од серијата реклами што ги сними за компанијата.

Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Повеќе од 200 предмети, вклучително и јакната на британскиот пејач Џорџ Мајкл, беа продадени на аукција во петокот во Лондон, објави „Би-би-си“.

Рекламите на Џексон за „Пепси“ најмногу се паметат по инцидентот кога му се запали косата за време на снимање и пејачот се здоби со сериозни изгореници.

Познатиот црн шешир на Мајкл Џексон продаден на аукција за 77.640 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот