Од инает: Милионер изградил ѕид од сено за да му го блокира погледот на соседот

Стивен Бет
Стивен Бет / Фото: SWNS/ Profimedia

Милионер од Англија е обвинет дека изградил ѕид од бали сено висок приближно пет метри за да го блокира погледот на својот прв сосед, пренесуваат странските медиуми.

Стивен Бет, поранешен полицаец и комесар за криминал во Норфолк, изградил барикада од сено за да го блокира погледот на соседот кон неговиот имот. Бет прво засадил дрвја за да се заштити од љубопитните погледи, но тие биле исечени, за што го обвинил својот прв сосед.

Иако виновникот никогаш не бил пронајден, Бет не се откажал од идејата дека тоа го направил неговиот прв сосед Џон Тарнер кој живее со својата мајка Максин. Поради тоа, како одмазднички чин, тој изградил ѕид од сено во должина на задната градина на соседот.

Бет има огромен имот со замок од 18 век, додека Тарнер има поскромна куќа во слепа улица. Тарнер, кој ја чува својата мајка, имал конфликт со соседот поради ова прашање. Кога првпат бил изграден ѕидот со бали, тој се пожалил, а потоа се вратил и го срушил ѕидот со тоа што ги соборил горните бали. Оттогаш, ѕидот е повторно изграден и зајакнат за да биде поцврст и потешко да се урне.

„Тој сака поглед на мојот имот, но јас не сакам да гледам во неговиот имот. Тој си ја пресече живата ограда, на што има право. Не би се обидел да го спречам. Но да каже дека му го уништувам погледот е сосема погрешно. Јас го штитам мојот поглед. Тоа е моја сопственост. Зошто да не го правам тоа?“, изјави Бет за ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот