Од „Д“ од дрим-тимот, нови два откази

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович се соочува со големи проблеми откако во два дена, дури тројца кошаркари го откажаа настапот на Светското првенство во Кина.

Вчера најголемата ѕвезда од поширокиот список на селекторот Попович, Џејмс Харден се откажа од репрезентативниот настап, а денеска тоа го сторија уште двајца кошаркари, Ерик Гордон од Хјустон и бекот на Портланд, Си Џеј Меколум.

Причината за откажувањето од репрезентацијата е идентична кај сите тројца, сакаат во текот на летото да се подготвуваат за престојната сезона во НБА лигата. Прв кошаркар кој одлучи да не игра за репрезентацијата на САД на Мундобаскетот, беше новата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот