Од 37 дена живот, 17 ги мина на апарати: Едномесечно бебе е најмладата жртва на ковид-19 во Грција

Фото: mia.mk

Бебе на возраст од само 37 дена е најмладата жртва на ковид-19 во Грција по 17 дневната борба на апарати на интензивна нега во детска клиника, јави дописничката на МИА од Атина. Од атинската детска болница соопштуваат дека машкото бебе, 16 дена по раѓањето, со ринитис и температура било хоспитализирано на одделот за заразни болести.

По направениот ПЦР тест било потврдено дека е заразено со коронавирусот, а шест дена подоцна префрлено на Одделот за интензивна нега и приклучено на апарати, каде му се влошила состојбата и го загуби животот.

Сочувство и жалење за загубениот живот, преку социјалните мрежи изразија грчкиот премиер и министерот за здравство.

– За жал денеска ја имавме најмладата жртва од пандемијата во нашата земја. Бебе кое 17 од неговите 37 дена, помина борејќи се со коронавирусот. Вирусот не прави разлика, но денес тагата е неподнослива. Изразувам најискрено сочувство до неговото семејство, напиша Мицотакис.

На случајот со бебето заразено со ковид-19 се осврна министерот за здравство на Грција на пред десетина дена на една од редовните прес конференции за ситуацијата со пандемијата во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот