Од 26 април се укинуваат рестрикциите за извоз на маски за земји од Западен Балкан

Европската Комисија соопшти дека е донесена одлука рестрикциите за извоз на заштитни маски да не важат повеќе за земјите од Западен Балкан од 26 април, јави дописничката на МИА од Брисел.

Регулативата за посебни авторизации за извоз на заштитна опрема во рамките на борбата против коронавирусот донесена во март начелно ги изземаше само земјите вон ЕУ кои се членки на европската слободна трговска зона.

На барање на властите од шесте земји од регионот, Европската Комисија ја ревидираше одлуката забраните да не важат повеќе за западниот Балкан.

Сегашната регулатива истекува на 25 април, од следниот ден западниот Балкан ќе може да увезува заштитни маски без претходни дозволи, што би требало значајно да ги забрза процедурите, но испраќа и политички сигнал до регионот.

Новата регулатива содржи измени и за типот на опрема за кој е потребна посебна авторизација. Од 26 април, за земјите вон ЕУ, ЕФТА и западниот Балкан, само заштитните маски ќе бидат предмет на посебни дозволи за извоз, одлучи Европската Комисија. Одлуката ќе биде повторно ревидирана триесет дена од нејзиното стапување на сила. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот