Оброк од 500.000 долари

Кога на ум ќе ни падне светот на луксузот, веднаш го замислуваме неверојатниот и раскошен Jumeirah Vittaveli Resort на Малдивите.

За да го прославите Велигден, овој имот нуди неверојатно испланирано кулинарско искуство вредно дури 500.000 долари. Шефот Оли Дабоу од британскиот HIDE ресторан ќе биде во центарот на вниманието, додека подготвува вистински специјалитети кои ќе ги воодушеват љубителите на врвната гастрономија.

И додека се среќавате со прекрасните гурмански оброци во средина на индискиот океан, впивајќи го сликовитото заоѓање на сонцето и спуштените ложи со стаклено дно, веруваме дека ќе сфатите дека светот може да има сосема поинакви вибрации, во однос на секојдневието. Раскошниот имот нуди најдобар поглед на океанот кон јужниот дел, а во понудата има неверојатни отворени тераси, кревети за опуштање на отворено, лежалки над вода и водени тобогани.

Еве како вашиот оброк од 500.000 долари ќе започне. Еден од славните батлери на ова одморалиште ќе пристигне во вашиот дом, со цел да ве одведе до приватниот авион, кој ќе ве префрли до Малдивите. По доаѓањето, ќе се сместите на приватен катамаран, кој ве води до вашата крајна дестинација, каде ќе ве чека шефот Оли, кој ќе ги подготви своите деликатеси за вас во својот поп-ап ресторан. Потоа, следи ноќ на уживање со поглед кон ѕвездите, од приватна јахта.

Нормално, пет ноќевања во врвната вила од ова одморалиште ќе бидат дел од вашето искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот