Обожавател упаднал во куќата на Aријана Гранде: Минатата година се заканувал дека ќе ја убие

аријана гранде
Аријана Гранде / Фото: EPA-EFE / Принтскрин Инстаграм

Човекот по име Ахарон Браун бил уапсен откако упаднал во домот на Аријана Гранде во Монтесито, пренесува „TMZ“. Инцидентот се случил пред три дена, на 29-тиот роденден на познатата пејачка.

Аријана во тој момент за среќа не била дома, но веднаш се активирал безбедносниот аларм. Потоа пристигнала полицијата и го уапсиле Браун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande)

Тој сега се соочува со обвиненија за следење, кражба, вознемирување и кршење на судската наредба и во моментов е во притвор.

Ахарон Браун е веќе познат по тоа што веќе некое време ја демне познатата пејачка. Имено, тој беше уапсен и лани во септември во нејзината куќа во Лос Анџелес, откако се појавил со голем ловечки нож и наводно им викал на членовите на нејзиното обезбедување дека ќе ги убие и нив и пејачката. Судијата тогаш изрекол забрана за задржување на Аријана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот