Објавена снимка на суд: Кевин Спејси двапати бакнал маж во паб и го фатил за меѓуножјето

Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Американскиот актер Кевин Спејси, наводно, двапати бакнал маж во паб и го фатил за меѓуножјето додека му велел „да биде кул“, соопшти судот во Лондон.

Снимка од разговор на неименуван маж со полицијата им била пуштена на поротниците во судот, за време на третиот ден од судењето на Спејси, кој се соочува со 12 обвиненија за сексуално недолично однесување, јавува „Би-си-си“.

На снимката, човекот објаснува дека работел во кафуле кога Спејси влегол внатре, седнал до него на софата и му се претставил. Тој му рекол на Спејси дека планира да се сретне со пријателите во друг паб откако ќе заврши со работа, на што актерот, наводно, му одговорил: „Кул, можеби ќе се видиме таму“.

Кога пристигнал во пабот, човекот слушнал како Спејси го довикува, меѓутоа до контакт дошло дури кога човекот отишол до шкафот каде што му било палтото. Таму Спејси, наводно, го прегрнал.

„Во тој момент, тој двапати ме бакна во вратот и ме фати за меѓуножјето. Двапати ми кажа: ‘Биди кул, биди кул’“, тврди човекот, додавајќи дека го оттурнал актерот и му рекол дека „не игра за тој тим“.

После тоа, Спејси, наводно, „испаничен“ излегол од просторијата.

На 63-годишниот Спејси му се суди за сексуални престапи, наводно, извршени врз четворица мажи, на возраст меѓу 20 и 30 години, меѓу 2001 и 2013 година.

Спејси ги отфрли сите обвиненија, а неговиот адвокат на почетокот на судењето рече дека поротата ќе слушне „проклети лаги“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот