Објавена првата публикација од Пописот 2021

Попис. / Фото: Слободен печат

Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 од сега се достапни и во првата публикација под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021″.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, по обработката на податоците и објавувањето во сетови, во првата публикација од Пописот 2021 преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите – на ниво на целата држава, но и по општини.

Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.

Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 Октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината”.

Публикацијата е достапна на следниот линк:  https://www.stat.gov.mk/InfoGraphic/2022/POPIS_DZS_web_MK.pdf 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот