Обама го критикува Изрел за прекинот на храната, водата и струјата во Газа

Profimedia
Фото: Профимедиа

Поранешниот претседател на САД Барак Обама го критикува Израел поради одлуката на израелската влада да ја прекине храната, водата и струјата на заробеното цивилно население во Газа. Тој вели дека ова може да ја намали поддршката за Израел глобално.

Одлуката на израелската влада да ја прекине храната, водата и струјата на заробеното цивилно население се заканува не само да ја влоши растечката хуманитарна криза туку тоа може дополнително да ги зацврсти палестинските ставови со генерации, да ја намали глобалната поддршка за Израел, да игра во рацете на непријателите на Израел и да ги поткопа долгорочните напори за постигнување мир и стабилност во регионот, напиша тој.

Обама додава дека е важно како Израел ја спроведува борбата против Хамас и дека почитувањето на меѓународното право е витално за градење сојузи и обликување на меѓународното мислење.

Особено, важно е, како што претседателот Бајден неколку пати нагласи – дека воената стратегија на Израел треба да е во согласност со меѓународното право, во секој можен степен да се избегнат смртта или страдањето на цивилното население, напиша Обама.

Обама ги повика луѓето да ги отфрлат антисемитските, антимуслиманските, антиарапските и антипалестинските чувства. Тој, исто така, призна дека Израел го има „секое право да постои“, но дека Палестинците „исто така живееле на спорните територии со генерации“.

„Но, ако се грижиме за одржување на отворена можноста за мир, безбедност и достоинство за идните генерации на израелски и палестински деца како и за нашите сопствени деца – тогаш на сите нас паѓа барем да се потрудиме да го моделираме нашите сопствени зборови и постапки, вид на свет што сакаме да го наследат“, заклучува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот