Нутриционистка дава одговор: Зошто не можете да спиете, но ниту да ослабнете!

несоница
Фото: Профимедиа

Хормоналните проблеми може да го нарушат спиењето, расположението и успехот во губењето на килограмите.

Според нутриционистката Гејл Мадалена, хормоните се витални хемикалии кои ги пренесуваат пораките помеѓу клетките во телото и органите и се неопходни за организмот да функционира правилно. Таа додава дека токму тие можат да бидат одговорни и за промените во однесувањето, недостатокот на сон…

Кога да се тестирате?

Ако забележувате симптоми кои би можеле да бидат поврзани со хормоните, разговарајте со лекар кој може да побара тест на крвта или тестирање коешто ќе покаже како функционира вашата тироидна жлезда и ќе постави точна дијагноза и ќе даде соодветна терапија. Денес се достапни и домашни тестови за прогестерон, тестостерон и штитната жлезда, кои можете да ги набавите онлајн, иако може да бидат малку поскапи.

Таложење на килограмите

Ако имате вишок маснотии во пределот на стомакот и не можете да се ослободите од нив ниту со диета ниту со вежбање, во тој случај би можеле да бидат одговорни хормоните.

– Неактивната тироидна жлезда може да забави многу телесни функции, вклучувајќи ги и метаболизмот и варењето. Вообичаена последица е таложењето на килограмите, особено во пределот на стомакот – додава Гејл.

Хормонот на стресот кортизол може да го доведе телото до состојба каде што ќе складираат се повеќе масти.

Постојано сте гладни

Ниското ниво на естроген може да предизвика постојано чувство на глад, дури и по оброкот, бидејќи има директно влијание врз лептинот којшто го ослободуваат масните клетки и регулира колку калории внесуваме и колку јадеме, а и диктира колку масно ткиво ќе се таложи во телото.

„Колку повеќе се произведува, толку повеќе маснотии ќе складираме“, вели Гејл.

Се чувствувате лошо

Промените на расположението може сериозно да влијаат на вашиот живот и работа, а можеби ви недостасува хормонот на среќата, серотонин. Гејл истакнува дека во моментот на овулација, нивото на естроген опаѓа како и прогестеронот, а сето тоа може да доведе до физичка и ментална исцрпеност. Серотонинот го контролира расположението, квалитетот на сонот и апетитот.

Опаѓање на косата

Кога тироидната жлезда не работи како што треба, тоа може да влијае и на тоа како косата ќе расте, а резултатот може да биде сува, кршлива и слаба коса.

– Клучниот хормон за раст на косата е DHT, производ на тестостеронот. Кога го има премногу, се намалуваат фоликулите на влакната и косата може да опаѓа. Падот на нивото на естроген и прогестерон може да влијае на дебелината на влакното и растот на косата.

Изморени сте

Ако секој ден ви е тежок и имате чувство дека постојано ви недостасува сон, можеби станува збор за хормонален дисбаланс, а не за хроничен замор. Премногу или премалку прогестерон може да ви ја одземе целата енергија. Премногу кортизол може да влијае и на циклусот на спиење и да доведе до постојан замор.

Вртоглавица

Ако имате чувство на вртоглавица или слабост во нозете и заматен вид, нешто не е во ред.

– Пониските нивоа на хормони може да доведат до нарушување на протокот на крв што може да доведе до вртоглавица. Нерамнотежата на хормоните може да има директно влијание врз нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок, како и на проблемите со рамнотежата.

„Магла“ во мозокот

– Тироидната жлезда помага во регулирањето на невротрансмитерите, како што се допаминот и серотонинот, а кога ќе дојде до нерамнотежа, тоа може да влијае на работењето на мозокот и да доведе до лошо расположение, но и до чувство на магла во мозокот – посочила Гејл.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот