
Нутриционистите тврдат: Овој зеленчук може значајно да ви го продолжи животот
На сите им е многу добро познат фактот дека зеленчукот е здрав и дека често треба да се јаде. Научните истражувања потврдуваат дека исхраната богата со зеленчук и овошје може да одложи или спречи хронични болести, а меѓу здравите намирници една особено се истакнува.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за спанаќот, зеленчукот којшто нутриционистите го препорачуваат како клучен додаток во исхраната за долговечност, пишува „Итинг вел“ (Eating Well).
Зошто спанаќот е ѕвезда на долговечноста?
Доколку сакате да живеете подолго и поздраво, клучно е да ги чувате воспаленијата под контрола, а храната богата со антиоксиданти како што е спанаќот, многу помага во тоа.
Според нутриционистот Ум Калинс, спанаќот изобилува со витамин Ц и каротеноиди како лутеин и зеаксантин кои се борат против слободните радикали и ги намалуваат воспаленијата во телото.
Редовното консумирање спанаќ и друг темнозелен зеленчук се поврзува со помал ризик од многу хронични болести.
„Спанаќот е богат со нитрати за кои се покажало дека помагаат во регулирање на крвниот притисок“, вели нутриционистот и додава дека споевите како бета-каротен, витамин Ц и флавоноиди можат да го намалат ризикот од одредени видови карцином.
Сѐ поголем број од истражувањата сугерираат дека здравјето на цревата е важен индикатор на долговечноста. Спанаќот содржи влакна кои го поттикнуваат здравото варење на храната, а најголема корист добивате доколку го јадете варен. Покрај тоа каротеноидите од спанаќот се поврзани со поголема разновидност на цревните микроби.
„Биолошката доба на вашиот мозок е еден од најважните индикатори на долговечноста“, истакнуваа нутриционистите.
Спанаќот е одличен избор за здравјето на мозокот затоа што е богат со фолати, антиоксиданти и други фитохемикалии кои помагаат во забавување на когнитивниот пад поврзан со стареењето.
Како да го воведете во исхраната?
За да ги искористите сите придобивки од спанаќот, се препорачува да го јадете неколкупати неделно. За среќа, тој е многу сестран, па затоа лесно се вклучува во оброците. Можете да го пропржите кратко со лук, да додадете еден грст во вашето утринско смути, да го користите како основа за салата или да збогатите сендвичи и тортилјите со него. Ако свежиот спанаќ се расипе премногу брзо, замрзнатиот е одлична алтернатива бидејќи нуди иста хранлива вредност.