Нутриционистите советуваат: Неколку намирници кои ќе ја задоволат вашата желба за нездрава храна во вечерните часови

Фото: Пекселс/ ella-olsson

Честопати на крајот од денот се случува да посегнеме по нездрава храна и тоа воопшто не е чудно. Но, нутриционистите велат дека во овој случај треба да размислиме за прекумерното ограничување во исхраната во текот на денот, за да ги избегнеме вечерните нездрави закуски, пишува „Бест лајф“.

Тие велат дека, кога не добиваме доволно хранливи материи или енергија, нашето тело може да сигнализира интензивен глад или желба за храна, што обично се случува подоцна во вечерните часови. Според нив треба да размислиме за нашите навики во исхраната кои нè доведуваат до таа ситуација и да додадеме храна богата со хранливи материи.

Ова се десетте најдобри намирници кои нутриционистите ги предложуваат за да ја запреме желбата за нездрава храна во доцните вечерни часови.

Грчки јогурт

Нутриционистите велат дека грчкиот јогурт е исклучително здрава ужина. Тој не само што е богат со протеини, туку содржи и добра количина на калциум и пробиотици.

Високата содржина на протеини го забавува варењето, прави да се чувствуваме сити подолго време и помага да се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Тоа е одлична закуска што може да се заслади со малку мед или со шумско овошје.

Смути

Овој освежителен пијалок може да биде слатко задоволство, и покрај тоа што е преполн со хранливи материи. Нутриционистите препорачуваат протеинско смути со банани и други вкусни свежи состојки.

Протеинскиот прав содржи околу 15 до 20 грама протеин, што ќе помогне да се намали желбата за храна. Бананите се богати со магнезиум и калиум и ќе ви помогнат да се опуштите и да се подготвите за спиење.

Чиа семе

Нутриционистите исто така препорачуваа да јадеме семе од чиа, кое може да ни даде чувство на ситост што ќе трае во текот на целата ноќ.
Чиа семките се густи со хранливи материи, преполни со влакна, омега-3 масни киселини и протеини.

Кога е натопено, чиа семето се шири исе формира супстанца слична на гел, што помага во ситоста. Тоа содржи високо ниво на растителни влакна и помага да се забави апсорпцијата на шеќерот.

Овес

Јадењето овес во секое време од денот може да помогне да се намали желбата за повеќе храна. Овесот е одличен извор на растворливи влакна, особено бета-глукан, кој се покажа дека го регулира апетитот и ја подобрува контролата на шеќерот во крвта.

Јадењето мала, топла чинија овесна каша навечер може да обезбеди заситувачки ефект, помагајќи да се намали потребата од нездрава храна во вечерните часови.

Авокадо

Додавањето авокадо во вашата исхрана е уште еден начин да ги спречите нездравите вечерни желби за храна. Авокадото е богато со мононезаситени масти, кои се здрави за срцето и можат да ве одржат сити. Присуството на растителни влакна во авокадото, исто така, помага да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта.

Јаткасти плодови

Постојат бројни здравствени придобивки од јадењето мала количина на јаткасти плодови во текот на денот, вклучувајќи подобро здравје на срцето и помал ризик од смрт од срцеви заболувања. Нутриционистите велат дека дури и скромна порција може да ни помогне да се заситиме и да ја спречиме ноќната желба за храна.

Леќа

Додавањето леќа или други мешунки во нашата исхрана е уште еден начин да се спречи посегнувањето по нездрави ноќни закуски. Леќата е одличен извор на растителни протеини и растителни влакна. Може да помогне во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и да обезбеди долготрајно чувство на ситост.

Парчиња јаболко со путер од кикирики

Ова е уште една вкусна закуска која делува како уживање. Путерот од кикирики има умерено количество протеини, но има поголемо количество масти, што ќе ви помогне да останете сити. Јаболката се секогаш здрав избор и се богати со витамини и минерали.

Лосос

Нутриционистите исто така, препорачуваат да се јаде лосос, кој е богат со омега-3 масни киселини и протеини. Лососот може да биде одлична опција за вечера која ве одржи сити во текот на ноќните часови. Содржината на протеини во лососот помага во забавување на варењето, што помага да се намали желбата за храна, додека омега-3 масните киселини придонесуваат за целокупното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот