„Њујорк Тајмс“: Бројот на смртни случаи од коронавирус во Еквадор е за 15 пати поголем од официјалната статистика

Фото: Profimedia

Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во Еквадор е меѓу најголемите во светот и се претпоставува дека починале 15 пати повеќе луѓе отколку официјалната статистика.

Според „Њујорк тајмс” сликите од безживотни тела на тротоарите, нафрлани на колички или во картонски ковчези укажуваат на тоа дека земјата е разорена од пандемијата со новиот коронавирус.

Во Еквадор од 1 март до 15 април починале 7.600 луѓе, што е за 15 пати повеќе во споредба со просекот од минатите години. Тоа е спротивно од тврдењето на властите дека како последица од пандемијата починале 503 луѓе.

„Њујорк тајмс” посочува и дека во првите две недели од април трипати е зголемен бројот на смртни случи.

Според официјалните податоци, во Еквадор заразени со новиот коронавирус се 11.183 луѓе, а оздравеле 1.328.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот