Нозете врзани со селотејп, тегови закачени на главата: Српска пејачка пронајдена мртва во базенот во нејзината куќа

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешната учесничка на реалното шоу „Парови“ и пејачка, Вољенка Илиќ, е пронајдена мртва во базенот на нејзината резиденција во Кабаре, во Доминиканска Република, пренесуваат српските медиуми.

Според извештаите, таа починала од задушување, односно од давење.

 


Нејзиното безживотно тело било пронајдено во базенот, со нозете врзани со селотејп и со тегови прицврстени на главата, пренесува „Доминикан тудеј“.

Телото било пронајдено во четвртокот попладне во вилата К184 во населбата Перла Марина.

Како што се наведува, уште една државјанка на Србија, чие име не е познато, дошла во куќата на Вољенка на барање на нејзините роднини, кои неколку дена не можеле да контактираат со неа.

„Доминикан тудеј“ пишува дека на имотот било пронајдено писмо на српски јазик во кое Вољенка Илиќ напишала дека не сака да продолжи да живее.

 


Полицијата спроведува темелна истрага за да утврди дали се работи за самоубиство или за злосторство.

Телото на Вољенка Илиќ е пренесено во Националниот институт за форензички науки во Сантијаго, каде ќе биде извршена обдукција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот