Ново истражување: Супстанции штетни за здравјето во 83 отсто од мастилото за тетоважи во Америка

Фото: Пекселс/cottonbro-studio

Дури 83 отсто од сите мастила за тетоважи достапни на американскиот пазар содржат канцерогени или други супстанции штетни за здравјето, покажа истражувањето спроведено на Хемискиот оддел на Универзитетот Бингамтон, кое опфати 54 видови мастила кои најчесто се користат, пишува „Саенс алерт“.

Откриено е дека дури 45 од нив содржат неодредени видови адитиви, пигменти и други хемикалии кои можат да го загрозат здравјето и дека под одредени околности можат да предизвикаат некои видови на рак.

Преку хемиска анализа беше откриено дека повеќето од овие мастила содржат адитив полиетилен гликол, кој може да предизвика сериозни бубрежни заболувања, па дури и нивно целосно прекинување на работата. Во тие бои за „разубавување“ на кожата е откриено и отровното проѕирно масло феноксиетанол, кое може да ги загрози функциите на нервите, белите дробови и црниот дроб, нагласи еден од учесниците во истражувањето, професорот Џан Швиерк.

Фото: Пекселс/cottonbro-studio

Според него, намерата на таа студија е да се укаже на потребата од јасно означување на состојките на мастилото за тетоважи, кои законот ги третира како козметички препарати и не ги обврзува производителите целосно да го декларираат хемискиот состав.

Истакнувајќи дека ова е една од првите фундаментални студии во таа област и дека дури и Светската здравствена организација нема податоци за штетноста на тие мастила, Швијерк додаде дека, за разлика од САД, Европејците ги забранија најчесто користените зелени и сини мастила поради содржината на опасни хемикалии.

Според податоците на Pew Research Center, американска институција за социјални и демографски прашања, дури сто милиони Американци, најчесто на возраст меѓу 30 и 49 години, имаат барем една тетоважа на своето тело.

Сепак, нацијата со најмногу тетовирани жители е Италија, каде приближно 48 отсто од граѓаните имаат бојадисана кожа, тетовирани симболи или натписи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот