Ново истражување: Научниците го најдоа трикот за долговечност

Фото: Pexels/ Edward Jenner

Научниците открија начин како да го зголемат животниот век и долговечноста на клетките, користејќи синтетички генетски „часовник“.

Своите наоди во новата студија, научниците од Универзитетот во Калифорнија ги засноваа на габата „Saccharomyces cerevisiae“, што дозволува истата да биде развиена за да му помогне на човечкото тело да старее на поздрав начин. Со „преживувањето“ на клетките на габата, научниците успеаја да го зголемат нивниот животен век во просек за 82 проценти. Тоа е ветувачки развој во контролата на клеточното стареење и лекување на состојби поврзани со возраста на човекот.

Клучно за студијата е уредувањето на генетските системи со регулаторните механизми кои го ублажуваат уништувањето и кинењето на специфичните клеточни процеси.

„Овие генетски системи можат да работат како нашите домашни, електрични системи кои контролираат уреди како кујнски апарати или автомобили“, објаснува молекуларниот биолог Нан Хао од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего.

Научниците користеле компјутерско моделирање за да откријат како функционира циклусот за стареење на клетките. Во суштина, движи помеѓу две различни состојби на стареење, од кои и двете можат да предизвикаат трошење, нешто како сопирачките на автомобилот и гумите кои со текот на времето стареат и се помалку сигурни. Со следниот чекор, научниците дизајнирале и имплементирале промена на овој систем, така што клетките се вртат помеѓу овие две состојби на стареење, наместо да се фокусираат на едната или другата состојба. Стареењето со ова, всушност не запира во целост, туку се забавува. Инженерски модифицираните клетки биле порамномерни во колку долго траеле, за разлика од нетретираните клетки. Забележано е дека клетките со синтетички генетски систем растат и се делат побрзо отколку што тоа би се случило, што укажува на тоа дека тие останале во добро здравје дури и откако биле приспособени за целите на студијата. Клетките на габите споделуваат голем број карактеристики со човечките клетки, поради што тие често се користат во истражувањето, но наодите сега ќе треба да се тестираат кај други типови на клетки за да се утврди дали зголемувањето на долговечноста сè уште трае.

„Ова е првпат компјутерски дизајнираната синтетичка биологија и инженерските принципи да се користат за рационално редизајнирање на генските системи и репрограмирање на процесот на стареење за ефикасно промовирање на долговечноста“, вели Хао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот