Новиот филм „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска шета по фестивали

Македонскиот национален претставник за Оскар, филмот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска, својата македонска премиера ќе ја има на 27 октомври, соопштија од продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Во меѓувреме, филмот продолжува да го освојува светот по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, проекциите во Торонто, како и по одличниот прием од светската критика и големиот интерес за интернационална кинодистрибуција.

– Овој месец „Најсреќниот човек на светот“ патува на пет фестивали низ целиот свет. Започнавме со ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Киев, Украина, која беше проследена со предавањето на режисерката Теона С. Митевска. Полната сала во Киев и крајно емотивната проекција на филмот, проследена со звуци од сирени, зборува за значајноста на оваа приказна и овој филм кој крајно искрено говори за тешкотиите и можностите за помирувањето по воените разорувања, за длабоките траги и трауми кои остануваат врежани засекогаш кај сите оние зафатени од немилосрдниот виор на војната – истакна Лабина Митевска.

По Киев, филмот продолжи во Израел на Филмскиот фестивал во Хаифа, потоа во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро, а до крајот на октомври ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска.

На крајот од октомври филмот ќе биде прикажан и во Словенија. Македонската премиера на филмот е закажана за 27 октомври во киното „Милениум“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 151, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 22-24 октомври 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот