Нови снимки од вселената откриваат: Најголемата санта мраз е поголема отколку што се мислеше

Фото: Handout / AFP / Profimedia

Најголемата санта мраз во светот – А23а – почна да се движи по 30 години, кога беше заглавена во Веделското Море. Сепак, најновото истражување со помош на сателитите на Европската вселенска агенција покажало дека е поголема отколку што се мислеше.

Научниците дошле до големината на ледениот брег со комбинирање на неговата претходно позната површина од 3.900 квадратни километри со новооткриената бројка на нејзината дебелина, која е нешто повеќе од 280 метри, пишува „Би-би-си“.

Мерењата на А23а ги направи мисијата Криосат-2 (CrioSat-2) на Европската вселенска агенција, која носи радарски висиметар кој може да насети колкав дел од планината е над површината на водата, а потоа, користејќи информации за густината на мразот, можно е да се одреди големината на делот што е под вода.

Сега податоците од Криосат-2 на Европската вселенска агенција го потврдуваат она што научниците претходно го претпоставуваа – дека „ледениот џин“ има еден дел кој е значително поголем од останатиот дел, кој, според експертите, бил 350 метри под површината на водата во 2018 година.

Сателитските снимки покажуваат дури и површински пукнатини кои се отвориле директно над делот што служел како сидро со децении, што е резултат на насилен судир со морското дно.

Фото: Handout / AFP / Profimedia

Во годините што следеа, А23а постепено ја губел масата за на крајот да се ослободи и да почне да се движи. Ледениот брег стигна до врвот на Антарктичкиот Полуостров, од каде се претпоставува дека ќе го продолжи патувањето кон Јужниот Атлантик.

Експертот за далечинско набљудување на Британското Антарктичко истражување, Ендрју Флемниг на крајот на ноември изјави дека нема посебна причина зошто ледениот титан почнал да се движи, туку едноставно дека е дојдено време.

– Тој е приземјен од 1986 година, но на крајот неговата големина се намали доволно за да го изгуби стисокот и да почне да се движи. Првото движење го забележав во 2020 година – објасни Флеминг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот