Нови почетоци: Кој спорт да го одберете за вашето дете, во зависност од неговата возраст

Фото: Unsplash

Септември е месец на нови почетоци. Децата почнуваат да одат во градинка, започнува училиштето, и покрај тоа, неопходно е да се изберат и некои воннаставни активности. Родителите најчесто избираат спорт, но можеби не знаат каков тип на физичка активност да изберат за своите деца.

Децата можат да покажат природни склоности за одредени спортски активности, и неопходно е да се водите и според нивната возраст, зрелост и способности.

Деца од две до пет години

Малите деца кои спаѓаат во оваа возрасна група почнуваат да ги совладуваат основните движења, но тие се премногу мали за повеќето спортови. Малите деца кои учествуваат во организирани спортови обично не стекнуваат долгорочна предност во однос на идните спортски перформанси.

За деца од оваа возрасна група, најдобар избор обично е слободната игра како скокање, фрлање и фаќање, пливање, возење велосипед или трицикл во детски паркови.

дете

Деца од шест до девет години

Како што растат децата, нивната визија, внимание, моторна координација и вештини се подобруваат. Исто така, тие се поспособни да следат упатства. Затоа, фудбал, бејзбол, трчање, гимнастика, пливање, тенис, боречки вештини, танцување, прескокнување јаже, пешачење, скијање, возење ролери или лизгање се сметаат за соодветни активности за оваа возрасна група…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот