Нови немири во Мјанмар: Најмалку 22 мртви во близина на манастир

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Најмалку 22 лица, меѓу кои и тројца будистички монаси, беа застрелани од непосредна близина минатата недела во манастир во селото Нан Наин во центарот на Мјанмар.

Портпаролот на мјанмарската хунта, која пред две години изврши државен удар за да ја собори избраната влада, рече дека нејзините војници се вклучиле во судири со бунтовниците во регионот Пинлаунг во јужната држава Шан, но дека не нападнале цивили.

„Силите за заштита на народот на Карен“ и друга бунтовничка група влегоа во селото Нан Наин, откако владините сили беа распоредени таму, заедно со локалната народна милиција, за да обезбедат безбедност, рече портпаролот на мјанмарската хунта Зав. Мин Хтун. – Кога терористичките групи отворија оган, некои селани беа убиени, а други повредени, додаде тој.

Портпаролот на бунтовничките групи рече дека војниците влегле во Нан Наин во неделата и пронашле трупови расфрлани во будистички манастир. На видеата и фотографиите обезбедени од бунтовниците се гледаат прострелни рани на труповите и дупки од куршуми во ѕидовите на манастирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот