Нови израелски напади врз цели на Хезболах во Либан

Напад врз Либан / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелската армија соопшти дека синоќа извршила уште еден напад врз воена локација на Хезболах во Либан.

Во воздушниот напад погодена е „воена структура и набљудувачка кула“ на Хезболах во јужната гранична област, објави израелската армија на Телеграм.

Засега нема информации за евентуални жртви.

Израел и Хезболах речиси секојдневно разменуваат оган преку границата од 7 октомври 2023 година кога почна војната во Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот