Нови играчи во ТФТ пред настапот во АБА2 и ФИБА Лигата на шампионите

ТФТ е освојувач на македонскиот кошаркарски Куп/фото: КФСМ

ТФТ заедно со Пелистер ќе ја претставуваат македонската кошарка во новата натпреварувачка сезона во АБА2 лигата.

Како и битолски Пелистер, така и скопскиот ТФТ ангажира нови засилувања пред настапите во регионалното натпреварување, но и на домашната сцена.

Потсетување дека ТФТ ќе настапи и во ФИБА Лигата на шампионите, овој месец е домаќин на квалификациска група во која се и британскиот Лестер Рајдерс, романскиот ЦСО Волунтари и германскиот Најнерс Кемниц.

Денеска во тимот се врати американскиот крилен центар Лашлан Андерсон кој минатата сезона ја помина во Литванија во дресот на Јонава. Најдобрата партија имаше против Жалгирис со 20 поени. Веќе играше за ТФТ во сезоната 2020/2021 кога се промовираше во еден од најдобрите на екипата во првенството и БИБЛ лигата.

Во текот на летниот период играше и во Австралиската Државна лига за Бруинс и запиша просек од 24 поени, шест скокови и три асистенции.

Претходно ТФТ го засилија и британскиот центар Крис Тавиа, американскиот плејмејкер Донован Доналдсон (кој беше дел и од КК Гостивар), Трент Бутрик кој игра на позицијата центар доаѓа од Универзитетот Масачусетс (просек 10,7 поени и 60,4 скокови) и американскиот крилен центар Тревор Џасински. Играше во белгиската лига за Лимбург јунајтед каде беше најдобар стрелец со просек од 16 поени и 5,5 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот