КК Пелистер ангажира нови засилувања за настапот во АБА2 лигата

Стојан Ѓуроски не е повеќе дел од кошаркарскиот клуб Пелистер/Фото: facebook.com/kkpelisterbitola/

Кошаркаркиот клуб на Пелистер се подготвува за новата сезона во која освен што ќе ги има домашните обврски, ќе настапи и на меѓународната сцена поточно во АБА2 лигата.

Потсетување дека битолски Пелистер, заедно со ТФТ Скопје, ќе ја претставуват Македонија во втората АБА лига преку која ќе се обидат да влезат во елитата. На стартот од новата сезона во АБА2 лигата силите ќе ги одмерат ТФТ Скопје и Пелистер Битола, а наскоро треба да биде познат датумот на одигрување.

Битолчани ова лето засилуваат со нови играчи, ангажиран е босанскиот крилен центар Недим Мустафица. Овој 31-годишен кошаркар настапуваше и претходно во нашата земја бранејќи ги боите на Работнички.

Ново засилување е бекот Иван Сапунџиев кој изминатите две сезони играше за ТФТ Скопје со кој дојде до трофејот во Купот на Македонија.

Потоа дојде американскиот плејмејкер Донтеј Карутерс од Широки Бријег (лани просек осум поени по натпревар), како и неговиот сонародник, бекот Рајл Овенс. Овој играч доаѓа од грузискиот шампион каде беше дел од ТСУ со просек од 13,3 поени по меч.

Беше обезбеден и потписот на крилото Оливер Двојаковски (од Академија ФМП), повратници се Александар Јовановски (КК Охрид) и Мартин Ристевски (КК Чаир), а соработката ја продолжи центарот Љубомир Младеновски.

Претходно КК Пелистер го напуштија Игор Кесар, Дави Хотон, Марјан Младеновиќ и Стојан Ѓуроски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот