Нови антиковид мерки во Косово, повторно полициски час и режим за влез во земјата

Ковид амбуланта во Косово
Ковид амбуланта во Косово. / Фото: Архива на Слободен печат

По енормниот пораст на бројот на починати и новозаразени од Коид-19 во последните неколку недели, во Косово од утре стапуваат во сила новите мерки за спречување на ширењето на пандемијата, со кои, меѓу другото, по подолго време се воведува полициски час, односно забрана за движење на граѓаните од 22 до пет часот наутро, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според одлуката донесена на денешната седница на косовската Влада, исто така се скратува работното време на угостителските објекти, кои наместо до 22.30, во нардиниот период ќе можат да работат до 21 часот и 30 минути, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетите.

Кабинетот на Албин Курти попладнево одлучи и да го одложи почетокот на учебната година за основците и средношколците до 13 септември, а до наредната одлука на Владата остануваат во сила забраните за организирање свадби и други семејни веселби, како и ученички и студентски екскурзии и матурски вечери.

При влез во Косово потребно е да се приложи сертификат за вакцинација со една или две дози, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, или серолошки тест не постар од 30 дена. Лицата кои не поседуваат еден од тие документи треба под заклетва да потпишат изјава за седумдневна самоизолација.

Во Косово последните недели се забележува видно зголемување на бројот на новозаразени, главно од новата варијанта делта на коронавирусот, така што само според денешниот 24-часовен извештај на здравствените власти, беа евидентирани рекордни 1.890 нови случаи, од извршени над 13 илјади тестирања. Вчера и ден претходно беа забележани по рекордни 18 смртни случаи на заболени од Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува речиси 26 илјади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот