Новата студија од Харвард откри: Четири начини на исхрана кои го продолжуваат животот

Фото Профимедиа

Истражувачите од Универзитетот Харвард идентификувале четири вообичаени обрасци на здрава исхрана кои можат да помогнат во намалување на ризикот од прерана смрт до 20 отсто.

Новата студија објавена во магазинот „ЈАМА интернал медисин“ имала за цел да пронајде каква било врска меѓу навиките во исхраната кај Американците и прераната смрт од болести.

Д-р Франк Ху, професор и претседател на одделот за исхрана во Харвард, рекол во изјавата дека нивните наоди за здравствените ефекти во навиките на Американците за исхраната се најдлабоки досега.

„Клучно е да се испита поврзаноста меѓу обрасците на исхрана кои ги препорачува ДГА и долгорочните здравствени исходи, особено смртноста“, изјавил Ху.

Тимот на Ху анализирал четири стилови на здрава исхрана од кои сите ги нагласуваат житарките од цело зрно, овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови и мешунките: медитеранска исхрана, урамнотежена исхрана на растителна база, традиционална здрава исхрана основана на насоките за исхрана на Американците и алтернативен индекс на здрава исхрана.

Насоките за исхраната за Американците, како и која било од трите алтернативни диети, биле поврзани со помал ризик од смрт. Луѓето кои се придржувале на која било од четирите насоки за начин на исхрана биле поздрави и имале помала веројатност дека ќе починат од рак, кардиоваскуларни болести и респираторни болести.

Студијата следела 75.000 жени кои учествувале во здравствената студијата на медицинските сестри и повеќе од 44.000 мажи во студијата за следење на здравствените работници – две групи испитаници составени од Харвард – во период од 36 години.

Учесниците биле оценети со индекси кои мереле колку внимателно го следат секој стил на исхрана, според прашалниците што ги давале на секои четири години. На никого не му бил дијагностицирана кардиоваскуларна болест во времето кога ја започнале студијата.

Учесниците кои ја промениле исхраната со тоа што ја направиле 25 отсто поздрава – интегрирајќи само еден од плановите за здрава исхрана во нивните животи – потенцијално би можеле да го намалат ризикот од смрт од рак за 7 отсто до 18 отсто, кардиоваскуларни болести за 6 отсто до 13 отсто. Потоа респираторни заболувања од 35 до 46 отсто и невродегенеративни болести за 7 отсто.

Д-р Ху се надева дека неговите откритија ќе ги смират оние на кои лесно им здосадуваат строгите диети: „Тоа значи дека имаме поголема флексибилност, во смисла на креирање на сопствени здрави обрасци на исхрана кои можат да се приспособат на индивидуални преференции во храната, здравствените услови и културата“, рекол за „Си-ен-ен“ во понеделникот.

Медитеранска диета – која „ЈуЕс њуз и ворлд репорт“ шеста година по ред ја прогласи за најдобра диета на светот за 2023 година, ја нагласува важноста на квалитетни извори и „полнење чинии“ со храна богата со хранливи материи, со акцент на свежи производи, немасни протеини како што се риба и пилешко и секако, маслиново масло богато со антиоксиданти.

Здрава исхрана на растителна база – здравата исхрана заснована на растенија е слична на медитеранската по тоа што се фокусира на јадење на повеќе растителни производи, но се елиминираат производите од животинско потекло, вклучувајќи го и сирењето.

За студијата на Харвард, истражувачите исто така додале поени во оваа категорија за консумирање алкохол, како и за „нездрави“ верзии на растителна храна, како што се похуваниот и пржениот зеленчук.

Диетални насоки за Американците – насоките за исхраната за индексот на здрава исхрана на Американците, метрика што ја осмислија УСДА и ХХС за мерење на квалитетот на исхраната во склад со нивните препораки, промовираат растителни производи, како и немасни животински протеини и млечни производи, но не и црвено и преработено месо, дополнителни шеќери, нездрави масти и алкохол.

Индекс на алтернативна здрава исхрана – кои го развиле истражувачите од Харвард за оваа студија, им дава оценки на различни намирници и хранливи материи поврзани со низок ризик од хронични болести.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот