Новата македонска electro/synthwave сензација ИСКРА на ЗДРАВО МЛАДИ 11

МКЦ го најавува првиот македонски бенд на овогодишното издание на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ. Се работи за иновативните и креативни Искра.

Нивните анимирани видеа раскажуваат приказна од иднината на Скопје, поточно 2088/89 година каде голема корпорација го уништува градот. За да се спречи ова, една опасна банда одлучува да се спротистави на целата ситуација.

– Искра е бенд што е релативно нов на македонската музичка сцена, а зад себе имаат мал број настапи во живо, но по минатогодишниот стриминг во МКЦ, истата вечер „падна договор“ дека се гледаме во МКЦ парк во август 2021, велат од МКЦ.

Екипа што зад себе има дебело hardcorepunkmetal „досие“, а денес, својот музички израз го насочуваат кон префинета synth-електроника, проследена со фантастични визуелизации. Првото издание го потпишуваат за етикетата ПМГ рекордингс, a пред една недела го издадоа најновиот сингл насловен „Нова Ера“, соработка со Druggy.

Искра се придружуваат на веќе најавените Viagra Boys од Шведска и Shortparis од Русија.
Фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ е закажан за 26 и 27 август во МКЦ парк и ќе се реализира согласно мерките за организирање настани на отворен простор.

Еarly bird билетите по цена од 800 денари се веќе во продажба на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk. Бројот на посетители е строго лимитиран според важечките протоколи за организирање на настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот