Новата фабрика на Форд ќе произведува 500.000 електрични камиони годишно

Форд/ Фото: A3537 Marijan Murat / DPA / Profimedia

Новата фабрика на Форд во Западен Тенеси ќе може да произведува до 500.000 електрични пикапи годишно со полн капацитет, објави компанијата.

Американскиот производител на автомобили во септември 2021 година соопшти дека ќе изгради фабрика за батерии на локација од 1,46 илјади хектари во Стентон, североисточно од Мемфис.

Изградбата на локацијата BlueOval City започна минатата година. „Форд“ соопшти дека планира да започне со производство на електрични камиони од втората генерација со „коден назив Проект Т3“ до 2025 година, пренесува SEEbiz.

Фабриката за склопување и фабриката за батерии на Форд, управувана од заедничко вложување наречено BlueOvalSK, ќе вработи околу 6.000 луѓе, со инвестиција од 5,6 милијарди американски долари, соопштија претставници на компанијата.

BlueOvalSK, исто така, ќе изгради две фабрики за батерии во Глендејл, Кентаки, со инвестиција од 5,8 милијарди американски долари. Се очекува со проектите да се отворат околу 10,8 илјади работни места.

Фабриката во Тенеси ќе произведува возила со неутрален јаглерод со користење на обновлива енергија.

Некои од руралните окрузи во Западен Тенеси кои ја опкружуваат фабриката се надеваат дека тоа ќе помогне во зајакнувањето на нивните економии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот