Новата директорка на Њукасл најави големи работи: Сакаме да бидеме на врвот во Премиер лигата и на кровот на Европа

Аманда Сталивеј е новата најмоќна жена во светот на фудбалот/ фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Со доаѓањето на конзорциумот од Саудиска Арабија започна нова ера на Њукасл.

Саудискиот инвестициски фонд е тежок 320 милијарди фунти што е најава дека во иднина Њукасл ќе биде најголемиот трошаџија на трансфер пазарот, а одлуките ќе ги носи жена, Аманда Стелвеј, која најави дека во најбрзо време екипата ќе ги нападне титулите во Премиер лигата и во европските клупски натпреварувања.

– Прво сакам да им се заблагодарам на неверојатните навивачи без кои немаше да бидеме тука. Ова е нивен клуб, а ние на правилен начин ќе се грижиме за клубот. Сериозно ја сфаќаме нашата улога, не сакаме да даваме преголеми ветувања, сакаме да ги инвестираме парите во сите делови од клубот – изјави Аманда која потоа додаде:

– Горди сме што играме во Премиер лигата, тоа е најдобрата лига на светот, а Њукасл е најдобар клуб на светот. Сакаме да видиме како освојува трофеи. Сакаме да бидеме на врвот во Премиер лигата, на кровот на Европа, но за трофеи се потребни време, трпение и инвестиции.

Сепак, новите сопственици на Њукасл прво треба да сторат сè за екипата да опстане во Премиер лигата. Њукасл моментно се наоѓа на претпоследното 19 место на табелата и му претстои борба за опстанок.

– Борбата за опстанок моментно е нашиот најголем проблем и тука не чека многу работа. Игрите на екипата мора да се подобрат под итно, имаме добар тим и веруваме дека не му е местото на 19 позиција на табелата. Оптимисти сме, со добра и квалитетна работа ќе успееме во тоа што сакам да го постигнеме – порача новата директорка на Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот