Новак Ѓоковиќ по петти пат избран за најдобар спортист во светот

Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата е добитник на признанието Лауреус кое се доделува за најдобриот спортист во изминатата година.

Наградата Ѓоковиќ ја освои за успесите во 2023 година и со петтото признание се израмни со Рожер Федерер кој досега беше единствен кој можеше да се пофали со освоени пет вакви признанија.

Главни конкуренти на Ѓоковиќ беа фудбалерите Ерлинг Халанд и Лионел Меси, атлетичарите Арманд Дуплантис и Ноа Лајс, како и возачот на Формула 1, Макс Ферстапен.

Признанието на Ѓоковиќ му беше доделено вечерва во Палатата на телекомуникации во Мадрид. Наградата на Ѓоковиќ му ја предаде поранешниот НФЛ играч Том Брејди. Брејди заедно со Ѓоковиќ вчера во Мадрид го следеше и големото „Ел Класико“ кое заврши со победа на Реал Мадрид (3:2).

Ѓоковиќ во 2023 година играше на 12 турнири, освои три Грен-слем турнири и вкупно седум пехари на осум финалиња при што загуби само од Карлос Алкараз на Вимблдон. Годината ја заврши како првопласиран на АТП листата.

Истата награда во женска конкуренција ја доби фудбалерката Ајтана Бонмати која со својата репрезентација го освои Светското првенство, но и „Златната топка“ за 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот