Новак Ѓоковиќ по откажувањето на тренинзите: Сè е во ред, се гледаме на мечот

фото: EPA-EFE/MICHAEL ERREY

Деветкратниот победник на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, им изјави на новинарите дека нема загриженост откако двапати го откажа тренингот во Мелбурн.

Српскиот тенисер им се врати на тренинзите и изјави дека е фокусиран на утрешниот меч, прв негов настап на АО.

– Ви благодарам што дојдовте. Сè е во ред, се гледаме на мечот – беше кратката и јасна порака на Новак до новинарите кои го следеа неговиот тренинг во Мелбурн, во делот од комплексот кој е затворен за навивачи, пишува Спорт Клуб.

Ѓоковиќ неодамна имаше проблем со повреда на тетивата, поради што не тренираше во неделата. Еден ден подоцна, и еден ден пред првиот меч на првиот Грен слем сезонава, тој го откажа тренингот кој беше закажан за 19.00 часот по локално време, за да го направи нешто подоцна. Во таа прилика тренираше со спаринг партнерот Карлос Гомеш.

Мечот на Ѓоковиќ во Мелбурн започнува во вторник околу 11.00 часот по македонско време, кога ривал ќе му биде Шпанецот Роберто Карбаљес Баена.

Мистерија која треба да се реши: Никој не знае што се случува со Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот