Мистерија која треба да се реши: Никој не знае што се случува со Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ закажа вторпат во два дена, па наеднаш го откажа тренингот. Без никакво објаснување, а тоа објаснување не можеа да го понудат ниту организаторите на турнирот.

Фановите со нетрпение го чекаат утрешниот прв настап на Ѓоковиќ во Мелбурн и атакот на титула на АО, но сега повторно се зборува за здравствената состојба на Ноле. Ѓоковиќ во Мелбурн има голема поддршка од семејството, а порано пристигна и Миљан Амановиќ, неговиот долгогодишен физиотерапевт. Повредата на препоните е поголем проблем отколку што се мислеше. На тој проблем се пожали на мечот со Данил Медведев, тогаш покажуваше дека има болки.

– Па, да бидам искрен, имам проблеми со тоа во последните седум дена. Сепак, досега можев да тренирам, да се натпреварувам и да играм сетови. Значи, тоа е охрабрувачки. Се разбира, јас сум малку повнимателен. За да штедам енергија за следната недела не го давам својот максимум на тренинзите. Се надевам дека тогаш нема да ми биде проблем – изјави тогаш Ѓоковиќ и малку ги охрабри навивачите.

Останува да видиме дали Ѓоковиќ ќе се загрева утре околу 12.00 часот по локално време, околу 02.00 часот по македонско време. Тоа значи дека тогаш би можеле да имаме одговор дали Новак ќе излезе на терен. Сето ова се случува во моментот кога Ѓоковиќ го смени физиотерапевтот, па на местото на Улисес Бадија дојде Клаудио Чимаља. Сето тоа подгреа бројни фан приказни, но тоа е посебна тема.

Сега преовладува загриженоста, особено што се покажа дека на егзибицискиот меч повреден играл и Австралиецот Ник Кирјос, а потоа најавил повлекување. Навивачите на Новак само бараат одговор за најголемата мистерија во овој дел од неговата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот