Новак е микс од Надал и Федерер

фото: АТП

Шпанецот Николас Алмагро на најдобар начин ја опиша големата тениска тројка, Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

– Федерер е совршенство во тенисот, неверојатно е елегантен. Рафа претставува пожртвуваност, како некој кој толку многу пати паднал, но секогаш се враќал на победничките патеки. Новак е микс од двајцата ривали, го има талентот на Роже и работните навики на Рафа Надал. Но, никој нема менталитет како Рафа, никој – вели Алмагро.

Николас Алмагро по 16 години настапи на АТП турнирите, во април годинава одлучи да се повлече од тенисот со освоени 13 титули. Во долгата кариера, за него најслатки се победите над Надал и над Британецот Енди Мареј.

– Бев дел од најдобрата генерација во исгоријата на тенисот и бев деветти на АТП ранг листата. Го победив Надал само еднаш, исто така имам и една победа над Мареј,  а неколку пати играв и против Федерер и за тие работи ќе им зборувам на децата – потенцира Алмагро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот