Нова тужба против Депардје: Дизајнерка го пријави актерот за сексуален напад на снимањето на филмот „Зелените ролетни“

Фото: EPA/MICHAEL KAPPELER

Поднесена е нова пријава за сексуален напад против францускиот актер Жерар Депардје, соопшто адвокатката Карин Дирије Дибол.

Правната застапничка, која веќе ја брани актерката Шарлот Арно, наводната жртва на силување која покрена обвинение против Депардје во декември 2020 година, во петокот поднесе нова тужба против актерот до париското обвинителство за дела како што се сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди, пренесува „Монд“.

Според неа, споменатите дела датираат од 2021 година и не се застарени, а се случиле за време на снимањето на филмот „Зелените ролетни“ („Les Volets verts“), во режија на Жан Бекер.

Жената која ја поднела жалбата, по име Амели (53), била продукциска дизајнерка на сетот.

Во изјава за порталот „Медиапар“, таа наведе дека актерот ѝ упатил бројни груби коментари на сетот во Париз на 10 септември 2021 година, а потоа „брутално ја грабнал“ и „ја стегнал околу струкот и стомакот, а потоа и нејзините гради“.

Пријавениот напад, наводно, бил спречен од телохранителите на актерот.

Истражниот сајт, исто така, тврди дека актерката Аноук Гринбер, која го осуди однесувањето на актерот кон жените во печатот, поднела тужба за клевета против Беатрис Гајсман, адвокатката на Депардје.

Претходно, во 2023 година, 13 жени го обвинија актерот за сексуален напад или вознемирување, според новинарската истрага на францускиот „Медиапар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот