Нова студија: Ризикот од срцеви компликации е поголем од ковид отколку од вакцините

Фото: EPA-EFE/SASHENKA GUTIERREZ

Заразата со коронавирус повеќе може да предизвика ретки кардиоваскуларни компликации како што се воспаление на срцето и неправилна работа на срцето отколку вакцините, покажа британска студија чии резултати се објавен денеска, откако научниците ги анализираа податоците од околу 38 милиони луѓе вакцинирани против ковид-19.

Студијата, објавена во списанието Нејчр Медисин (Nature Medicine), ги спореди ризиците од миокардитис, перикардитис и срцева аритмија по првата и втората доза на „Астра Зенека/Оксфорд“, „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ со оние кај заразени со ковид.

Студијата, предводена од научници од Универзитетот во Оксфорд, покажа зголемен ризик од миокардитис по првите дози на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ и двете дози на „Модерна“, но ризикот беше многу поголем кај ковид-инфекции.

Заклучоците се донесени со проценка на стапката на хоспитализација или смртност во рок од 28 дена од вакцинацијата или позитивен ПЦР тест за лица над 16 години и вакцинирани меѓу 1 декември 2020 и 24 август 2021 година.

– Проценивме меѓу 1 и 10 дополнителни случаи на миокардитис на милион луѓе вакцинирани со првата или втората доза, но 40 дополнителни случаи на милион луѓе заразени со ковид-19, рече Џулија Хиписли-Кокс, професорла и водач на студијата во Оксфорд.

Анализата поврзана со возраста, исто така, покажа дека поголем ризик од миокардитис поврзан со мРНА вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ е присутен само кај оние помлади од 40 години, велат истражувачите.

– Оваа опсервација (за проблеми со срцето) … не е нова информација. Тоа веќе го знаеме. Но, оваа солидна, научно цврста работа го поддржува и потврдува тоа, рече доктор Питер Инглиш, пензиониран консултант за контрола на заразни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот