Нова кривична пријава против Додик

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Канадскиот институт за истражување геноцид (ИГК), чиј директор е Емир Рамиќ, поднесе кривична пријава за негирање на „геноцидот во Сребреница” против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Во кривичната пријава се наведува дека Додик е осомничен бидејќи со своите постапки предизвикува меѓуетничка нетолеранција, раздор и омраза и свесно го негира геноцидот во Сребреница.

„Осомничениот на тој начин им нанесе болка на преживеаните од геноцидот, ја деградираше судската, научната и историската вистина за геноцидот, ја омаловажи правдата и го понижи меѓународното право и меѓународните институции”, се наведува во кривичната пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот