Нов рекорд по број на починати од Ковид во Австралија од почетокот на пандемијата

Ковид мерки во Австралија / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Австралија денеска се соочи со најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, бидејќи ширењето на сојот омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број на нови инфекции.

Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надмина претходниот национален максимум од 57 смртни случаи регистрирани минатиот четврток, покажаа официјалните податоци, пренесува Ројтерс.

„Денес е многу тежок ден за нашата земја“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перот на прес-конференција откако оваа сојузна австралиска држава објави 36 смртни случаи, што е ново високо ниво за Нов Јужен Велс од почетокот на пандемијата.

Сепак според објавените статистики четворица од починатите пациенти имале примено трета засилувачка доза против Ковид поради што здравствените власти апелираа до граѓаните што поскоро да добијат дополнителна доза.

Австралија ковид Фото: EPA-EFE/

Од оние кои починале во Нов Јужен Велс, 33 примиле две дози од вакцината.

„Треба под итно да се спорведе вакцинација со трета засилувачка дозаапелираа австралиските здравствени власти.

Во услови на зголемен број хоспитализации, државата Викторија денеска прогласи „кафеав код“ во болниците, што ќе им даде на болниците овластување да ги откажат здравствени услуги кои не се ургентни .

„За да им помогне на јавните болници да се справат со новата ситуација, федералната влада активира план за приватни болници кои мора да обезбедат до 57.000 медицински сестри и повеќе од 100.000 вработени во областите погодени од омикрон“, рече австралискиот министер за здравство Грег Хант.

Официјалните лица велат дека повеќето пациенти на интензивна нега се заразени со сојот омикрон и дека невакцинираните млади луѓе сочинуваат „значителен број“.

Државата Квинсленд објави дека ниту еден од денешните 16 смртни случаи во таа држава не добил дополнителна доза од вакцината.

Од 45 лица кои починале во државата од 13 декември, само еден од поинатите примил трета засилувачка доза против ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот